МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 јуни 2020

23 јуни 2020

– Мерката ослободување од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули, објави министерката за финансии на својот профил на Фејсбук.

– Од 19 март до 1 јуни од Ковид-19 во Србија починале 632 лица, додека официјално беше објавено дека во тој период има 244 смртни случаи. Тоа се наведува во истражување на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН). Тие се повикуваат на документ под наслов „Извештај за Владата“ и увид што го имале новинарите на таа мрежа во официјалниот информативен систем за известување за коронавирусот.

– Француската полиција соопшти дека открила две работилници за изработка на фалсификувани лични документи на поширокиот простор на Париз, и уапси три лица, од кои две се Алжирци кои биле задолжени за продажба.

– Речиси 260 милиони деца во светот немале пристап до училиште во 2018 година, се наведува во денеска објавениот извештај на УНЕСКО, додавајќи оти пандемијата со Ковид-19 влијае врз сиромаштијата и дискриминацијата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close