МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јуни 2020

22 јуни 2020

– Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1, соопшти Министерството за здравство.

– Комисијата за избор на ректор на „Св. Кирил и Методиј“ денеска го усвои приговорот на проф. д-р Петар Атанасов и објави конечна листа во која и тој е наведен за кандидат за ректор заедно со шесте кои претходно беа соопштени.

– Тимови на ДИК составени од членови, вработени во подрачните канцеларии на Комисијата и претседатели на општинските изборни комисии деновиве се на терен во проверка и утврдување на фактичката состојба на избирачките места и изнаоѓање на соодветни просторни решенија што би ги задоволиле безбедносните и здравствените протоколи и мерки за заштита на гласачите и на изборните органи на денот на гласањето на предвремените парламентарни избори. Проверки се прават на избирачки места на територија на целата држава.

– Од 1 јули се отвораат сите аеродроми во земјата за летови од странство и целосно сме подготвени да ги примиме посетителите. Бараме поголем дел од јасно помалата пита и испраќаме порака за пријатно лето во безбедна земја, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германската канцеларка Ангела Меркел ги осуди немирите што се случија изминатиот викенд во Штутгарт, по полициската контрола во рамки на истрага за трговијата со дрога.

– Северна Кореја повторно постави звучници за ширење пропаганда во области долж границата со Јужна Кореја, кои беа отстранети врз основа на договор со Сеул во 2018 година, објавија денеска јужнокорејските воени власти.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close