МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 февруари 2021

5 февруари 2021 

– На Д.К. и М.П., осомничени за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Тие денеска, како што информира Основниот кривичен суд, биле спроведени пред судија на претходна постапка.

– Во досегашниот тек на собраниската расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование се слушнаа ставови на поддршка, но и барање таа да биде повлечена поради несеопфатност и неприменливост.

– Нова студија открива дека 59 отсто од Французите не гледаат со наклонетост кон пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ. Пред сè, испитувањето открива растечка недоверба кон блокот како целина, јави дописникот на МИА.

– Во продолжение на својата официјална посета на Тирана, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, оствари средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, државниот министер за дијаспора, Пандели Мајко како и со лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

– Цените на угостителските услуги во јануари годинава останаа на исто ниво како во декември минатата година, а во споредба со јануари 2020 година пораснаа за 0,5 отсто.

– Апелацискиот суд на Црна Гора денеска ја укина првостепената пресуда за случајот познат како „државен удар“.

– Руски суд денеска донесе одлука дека компанијата во сопственост на рударскиот гигант Норилск Никел мора да плати 146 милијарди рубљи или приближно 1,95 милијарди американски долари за штетата врз животната средина предизвикана од излевање на гориво во рускиот дел на Арктикот во мај минатата година.

– Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс објави дека по 22 години се враќа на радио каде ќе води емисија.

– Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално и над 20 литри на метар квадратен. Како што најавува УХМР, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер, над 60 километри на час, а ќе има и појава на грмежи.

 

 

Back to top button
Close
Close