МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јуни 2020

22 јуни 2020

– На покана на чешкиот амбасадор Мирослав Томан, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествувал на пригоден настан во чешката резиденција по повод примопредавањето на едногодишното претседателство со Вишеградската група В4, од Република Чешка на Република Полска, каде се се заблагодарил за силната поддршка на земјите на В4 групата кои се стабилни партнери на регионот.

– Адвокатот Медарски не е вклучен во ништо што е поврзано со „Дијаверум“ на никаков можен начин, ниту ангажиран како адвокат, а ниту МВР работело на такви предмети, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на прашање во врска со последните објавени аудио-снимки.

-Како Влада решивме да промениме многу состојби во државата и во изминатите три години наместо трошење и фрлање пари на илјадници споменици, се сконцентриравме на тоа што значи живот, а тоа се пазари, улици, училишта и болници, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на новиот пазар во Ресен.

– Министерството за здравство на Косово одллучи на неопределено време да го прекине тестирањето за Ковид-19 на случаите на лица кои имале контакт со носители на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Европската комисија (ЕК) денеска ги сподели резултатите од последниот извештај за спречување илегален говор на омраза на интернет, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Пандемијата на коронавирус продолжува да се забрзува во светот, при што последните милион заразени лица се пријавени за само осум дена, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close