МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 февруари 2021

5 февруари 2021

– После 11 години пауза денеска во касарната Илинден беа промовирани првите 65 подофицери од вкупно 120 планирани за оваа година или првата генерација на подофицери во Армијата како членка на НАТО.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека пописот треба да се спроведе пролетта во 2022 година.

– Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска на прес-конференција ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април, која, како што рече, е објавена во Службен весник и може да се види и на веб страницата на ДЗС. Симовски ги повика граѓаните да ја сфатат сериозно оваа статистичка операција и оти тоа е исклучиво за креирање политики во интерес на граѓаните. Новина во овој попис, за разлика од минатиот, Симовски посочи дека ќе биде тоа што операцијата ќе се спроведува преку комбиниран метод, што ќе овозможи високо ниво на квалитет на податоците.

– Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да создадеме национален, македонски модел на основното образование, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое почна јавната собраниска расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование.

– Се е подготвено за пристигнување на руските експерти во Србија, очекуваме дека Србија во иднина ќе ја произведува вакцина „Спутник V“ на нејзина територија, изјави министерот без ресор задолжен за иновации Ненад Поповиќ по средбата што ја одржа во Москва со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, јави дописникот на МИА од Белград.

Околу 20 проценти од населението на Белгија во моментов има антитела против коронавирусот, а здравствените власти предупредуваат дека колективен имунитет може да се појави само кога најмалку 70 проценти од популацијата е имуна.

– Либиската крајбрежна стража во Средоземното Море пресретнала стотици мигранти на пат кон Европа, кои ги ставија во притвор, соошти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Тимот на Леванте за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, во полуфиналето на шпанскиот фудбалски куп ќе игра со Атлетик Билбао.

Back to top button
Close
Close