МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 февруари 2021

4 февруари 2021

– Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска оствари видео средба со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петричек, на која од име на Владата се заблагодари за принципиелните позиции на Чешка и целокупната поддршка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

– Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување. Крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година.

– Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска во скратена постапка во второ читање поддржа девет закони од областа на социјалната и трудовата сфера, со кои се врши усогласување на постојните законски решенија со закононите за прекршоци и за инспекциски надзор.

– Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вчера попладне остави видео состанок со генералниот директор за климатски прашања во Европската Комисија (ЕК), Мауро Петричионе, од кого добил охрабрување за повеќе климатски амбиции, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска мораше да се јави во Обвинителството на БиХ во Сараево, а според локалните медиуми, тој сведочел како дел од истрагата за сомнителното потекло на икона подарена на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз лекувањето на рак е „катастрофално“, соопшти Светската здравствена организација за Европа.Тие нагласија дека има нарушувања во услугите за онкологија во една третина од европската зона.

– Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) развива нов метод за проценка на одржливоста на долгот на земјите со пристап до финансиските пазари за попрецизно предвидување на ризиците од финансиски кризи и подобрување на транспарентноста.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази надеж за враќање на напаѓачот Садио Мане на натпреварот од 23. коло на англискиот шампионат против Манчестер сити.

Back to top button
Close
Close