МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 февруари 2021

4 февруари 2021

– Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19, најмногу во земјите во развој.

– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на консултативни состаноци со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во Велес и Кавадарци.

– Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во изградбата на станбена зграда наменета за ранливи категории граѓани во Гевгелија.

– Италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

– Поради магла намалена видливост до 50 метри утринава има во Охрид, додека на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози.

– Истарската полиција соопшти дека се упасени 27 лица под сомнение дека лажирале сообраќајни несреќи и мамеле осигурителни компании.

– Од 12 февруари Државните железници на Молдавија целосно го запираат движењето на приградските возови откако претрпеа огромни месечни загуби поради пандемијата на коронавирусот.

– Новата воена Влада во Мјанмар денеска ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук поради објавување повици за граѓанска непослушност по превратот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, ги кажа впечатоците по поразот од Јувентус (1:2) во првото полуфинале од Купот на Италија.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close