МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 февруари 2021

3 февруари 2021

– Овој акт за кој разговараме и сакате да го донесете никогаш не бил, не е, ниту ќе биде суштината на антропогено пошуменото Водно. Ова сега што се предлага и самото зонирање е биодиверзитет кој никогаш не бил суштината што Водно се заштитило.

– Инспекторатите во последната недела од јануари направиле 4959 контроли. Акциските контроли продолжуваат, а согласно заклучок од вчерашната седница на Владата за одобрување на годишните планови за вработување сите инспекциски служби ќе се зајакнат.

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин и го замоли да и помогне на Србија што поскоро да добие дополнителни количини на руската вакцина, за да што повеќе и побргу српските граѓани добијат сигурна заштита од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

– ЕУ мора да преземе итни активности за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на трговскиот договор во Северна Ирска, и тоа до крајот на март, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор со премиерката на Северна Ирска Арлен Фостер.

– Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, потврди дека руската вакцина, Спутник, ќе биде анализирана како и сите други вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека е оправдано полициското задушувањето на опозициските демонстрации, организирани по апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, бидејќи тие претставуваат закана.

– Европската комисија денеска го презентираше Европскиот план за борба против ракот, кој се базира на новиот пристап на ЕУ кон превенција, лекување и закрепнување од последиците од оваа болест.

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза има за цел да го освои трофејот на Грен слемот Австралија опен. Таа веќе има победено на Ролан Гарос и на Вимблдон.

 

 

 

Back to top button
Close
Close