МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 февруари 2021

3 февруари 2021

– Македонските државјани имаат голем интерес за вакцинирање во Србија и досега околу 70 граѓани од Северна Македонија, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на „Синофарм“ на пунктот во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

– Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре  започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за јануари годинава.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика пратениците од  другите политички партии да го поддржат предлогот на неговата партија за измени на Законот за средно образование, кој го поднесоа во понеделникот, со што ќе им помогнат на матурантите да се измени концептот за државната матура и да се намали бројот на задолжителни предмети кои ќе ги полагаат.

– Од сите изведени вербални и материјални докази во текот на главниот претрес недвосмилено се докажа дека во дејствијата на обвинетите се содржат суштествените елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар, порача во завршен збор за случајот „Монструм“ законскиот застапник на оштетените семејства.

– Со вкупен буџет од 3,2 милиони евра  обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2 на Европската унија, Владата започнува со реализација на проекти за домување на Ромите со кои се очекува да се подобрат условите за живеење на овие граѓани.

– Ако на првите две интерпелации им пристапив со должна сериозност, на оваа третава не можам, а да не ѝ пријдам со индигнација. Токму затоа и не одговорив написмено.  За што сум обвинет? Што не испорачав преговори по секоја цена? По цена на македонскиот јазик? Дали дами и господа можеби тоа го сакавте? За да можете да ја пласирате тезата за предавство на националните интереси? Оти вака таа теза не поминува. Тоа ако го барате од мене, тогаш веднаш да ви кажам  –  тоа никогаш нема да го испорачам.

– Во последните две седмици од јануари сообраќајот во Атина бил на исто ниво како и лани за истиот период, иако оваа година во сила се посебни рестриктивни мерки, покажуваат податоците од Центарот за управување со сообраќај на периферијата Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

 На скоро 132 години, Железната дама ќе ја добие својата „жолто кафеава“ боја посакувана од Густав Ајфел во 1907 година. Операцијата ќе чини педесет милиони евра, програмирана за во ноември 2022 година, јави дописникот на МИА.

– Демократските слободи во светот се намалија за речиси 70 проценти поради ограничувањата наметнати за борба против пандемијата на коронавирусот, според студијата на „Економист“ за Демократски индекс, спроведена во 167 земји.

Тренерот на Интер, Антонио Конте ги кажа впечатоците по поразот од Јувентус (1:2) во првото полуфинале од Купот на Италија.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close