МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 февруари 2021

3 февруари 2021

– АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола го стави во функција Блок 1 на Термоелектраната. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден. Во моментов, РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3, информираат од компанијата.

– Бугарија како членка на ЕУ продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и не се точни и крајно се неосновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ запирајќи го влезот на Северна Македонија од патот кон членство во ЕУ. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов.

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

– Петта година изминува откако прекина работата на фабриката за производство на феролегури „Југохром“ во тетовско Јегуновце поради неисполнетите обврски за достигнување на А интегрирана еколошка дозвола. Од раководството најавуваат дека е можно придвижување на процесот на доградба на системот за отпрашување што започна во април 2017 година, што е услов фабриката во иднина да продолжи да работи согласно потребните стандарди и да не ги загадува животната средина и воздухот.

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Шестмина цариници се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение за примање мито, а сите биле одговорни за спречување царинска измама, потврди Обвинителството на БиХ, кое ја спроведува истрагата.

– Пандемијата на коронавирус дава шанса за нов поредок во светската политика, сметаат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, како и други светски политичари.

– Јужнокорејски здравствени официјални претставници соопштија денеска дека откриле локални преносители на нови видови на коронавирусот, поради што се појавил страв дека тие трансмисии се многу позаразни од мутираните видови кои се појавија во Велика Британија и Јужна Африка.

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари стана вториот играч во клупската историја кој ја помина границата од 17.000 поени во својата кариера.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close