МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 февруари 2021

3 февруари 2021

– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе ја посети Државната математичко-информатичка гимназија во Скопје.

– Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, евроамбасадорот Дејвид Гир и пратеничката Латифа Шиковска денеска ќе се обратат на промотивен настан за отпочнување на проекти за домување на Ромите.

– Власта со став дека пописот на населението, домаќинствата и становите што треба да се спроведе во април годинава, ќе ги даде сите потребни одговори за обезбедување квалитетни статистички податоци, клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата. Претседателот Стево Пендаровски, пак, синоќа изјави дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира. Опозицијата, пак, од денеска собира потписи за поништување на Законот за попис.

– Петтиот пакет антикризни мерки се очекува да биде финализиран неделава ако се постигне консензус со сите засегнати страни. Ќе тежи околу 150 милиони евра и никој нема да биде изоставен. Средствата се предвидени и за граѓаните и за стопанството, посебно за најпогодените од пандемијата.

– Во поголем дел од државата утринава е ведро со слаб ветер од променлив правец. Во западните и северните делови има умерена до значителна облачност, а по котлините и слаба магла. Магла со намалена видливост има во делови од Полошката и Скопската котлина и во Демир Капија.

Албанскиот премиер Еди Рама се пофали дека неговата земја и  Србија  се единствените земји во регионот кои започнале со вакцинација против Ковид-19.

 Претседателот на Републиката, Емануел Макрон, во интервјуто за телевизијата ТФ1 увери дека Франција ќе може да им понуди вакцина на „сите Французи кои сакаат“, „до крајот на летото“. Тој исто така процени дека „на почетокот на март“ ќе бидат вакцинирани 80 отсто од жителите на старечки домови кои тоа го сакаат, односно 500 000 луѓе, јави дописникот на МИА.

– Полицијата во северниот дел на Мексико уапси 12 полицајци поради сомнеж дека учествувале во убиството на 19 лица во близина на границата со САД, соопшти денеска обвинителството.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close