МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јуни 2020

22 јуни 2020

– Одборот на директори одлучи продуктот на Македонската берза за електронско тргување преку интернет „eTrader“ – што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и им овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30 септември оваа година.

– Петстотини шеесет и шест лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР.

– Во невремето, со обилен дожд и град што вчера го зафати северниот дел на Грција, предизвикана е материјална штета и поплавени улици во Серес, Ксанти, Ламиа, на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

– Новите жаришта на коронавирус во Германија придонесоа за нова рекордна вредност на вирусот во таа земја од 2,78. Таканаречената Р-вредност покажува колку едно заболено лице може да зарази други луѓе.

– Властите во Индонезија покренаа истрага поради евентуална кражба на лични податоци на 230.000 луѓе, кои се тестирале на новиот коронавирус.

Back to top button
Close
Close