МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

2 февруари 2021

2 февруари 2021

– Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Мариjа Едилеуза Фонтенеле Реис, новоименувана вонредна и ополномоштена амбасадорка на Федеративна Република Бразил за Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

– Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 29-та седница го заврши општиот претрес по предлог-измените и дополнувањата на Законот за семејството, чија цел е усогласување на прекршочните санкции во делот на висната на глобите со новиот Закон за прекршоци, во насока на нивно намалување. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Од извештајот на израелската компанија не можеме конкретно да знаеме дали имало или не лажни базни станици од трети страни во 2014 година, затоа што е многу сиромашен и нема доволно детали, изјави вешто лице на денешното судење за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.

– Од вечерва на терените на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање, со што на посетителите им се овозможува подолго да ги користат капацитетите на рекреативниот центар.

– Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“.

– Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, разрешен е надлежниот за вакцинација во Здравствениот центар на островот Крф поради тоа што не се придржувал до критериумите за приоритет за вакцинација и вакцинирал „преку ред“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Шпанската Влада донесе одлука од утре па во следните две недели да ги ограничи авионските пристигнувања од Бразил и Јужноафриканската Република, земјите во кои се откриени новите, многу позаразни видови на коронавирус, соопшти денеска сајтот „Кадена Сер“.

– Истрагата на Светската здравствена организација за потеклото на коронавирусот во Вухан се одвива „многу добро“, изјави денеска еден од тимот експерти Питер Дашак.

Зимскиот преоден рок е затворен во Премиер лигата. Вкупно, 20-те клуба во лигата потрошија 84,2 милиони фунти на трансфери во јануари.

Back to top button
Close
Close