МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

2 февруари 2021

2 февруари 2021

– Пописот на населението, домаќинствата и становите кој ќе се спроведе во април 2021 година ќе ги даде сите потребни одговори во однос на обезбедување квалитетни статистички податоци кои се клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата, соопштија од Владата.

– Пред речиси две години ние, министрите за внатрешни работи и безбедност од регионот на Западен Балкан, го одобривме процесот на рефлексија на оваа Иницијатива. Се согласивме дека ИИСГ претставува пристап на политичко ниво, воспоставен да го канализира развојот на внатрешната безбедност на еден функционално интегриран начин, кој не само што ќе ги координира напорите, па ако сакате, и инвестициите на надворешната помош и помошта на ЕУ, туку ќе ги интегрира и релевантните регионални или други инструменти и алатки за да се подобри нивната функционалност и долгорочна стабилност.

– Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на Адела Моника Аксинте, новоименувана вонредна и ополномоштена амбасадорка на Романија за Република Северна Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претставници на партијата денеска имаа средби со занаетчии од Старата скопска чаршија во рамки на серијата средби што оваа партија ќе ги има до почетокот на претстојните локални избори.

Првите резултати од истражувањето во регионот на Париз, со кое се направи проценка за присуството на повеќе заразни варијанти на коронавирусот во Франција „не се добри“, посочи Реми Саломон, претседател на медицинската комисија на Париските болници и јавна помош (АП-ХП), зборувајќи за „експоненцијален раст“, јави дописникот на МИА.

– Шефот на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, која со американската компанија Фајзер разви вакцина против коронавирусот, Угор Сахин негираше дека се доцни со производството на вакцината.

– Анџелина Џоли карантинот го минува дома со своите шест деца, справувајќи се со нејзината работа, нивното домашно школување и нивните сопствени актерски проекти.

 

Back to top button
Close
Close