МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

2 февруари 2021

2 февруари 2021

Соседските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија одбележаа невиден напредок по потпишувањето на Договорот за добрососедство и имаше низа заеднички настани на лидерите од двете земји. Но две години подоцна тешко е да се препознае напредок, а на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во емисијата „Бугарија наутро“ на ТВ „Бугарија он ер“ (Bulgaria On Air).

– Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари видео средба со неговиот колега од Република Литванија, министерот, Габриелиус Ландсбергис со акцент на европското досие на земјава.

-Управниот одбор на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност – ИИСГ денеска го одржува петтиот состанок, на кој е вклучен и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 43-та седница на која на дневен ред се повеќе точки.

Ѕидовите немаат место меѓу земји – соседи. Ѕидовите постојат но не во буквална смисла, туку од идеолошки, историски и политички аспект. Можат да се направат пробиви во ѕидовите и да се надминат бариерите, и на тоа треба да работат двете страни, смета бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за РС Македонија, Илхан Ќучук.

– Во 2020 година и покрај пандемијата, имаме најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, напиша денеска премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

– Од вчера, во државниот сектор во Грција повеќе нема да се користи пластика за една употреба, додека пак од јули, ќе се воведе во целата земја, согласно законот изгласан минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својата Влада од критиките дека вакцинацијата во земјата е забавена, истакнувајќи дека постоела добра причина за умереното темпо на Европа во споредба со другите региони.

– Јапонија изрази загриженост откако ЕУ неодамна ја заостри контролата на извозот на вакцините против Ковид-19, кои се произведуваат во рамки на Унијата, а министерот за административни реформи Таро Коно истакна дека таквиот потег би можел да влијае врз планот за вакцинација во земјата.

 

Back to top button
Close
Close