МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

2 февруари 2021

МИА Радиофлеш

2 февруари 2021

– Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе ја посетат компанијата „Раде Кончар ТЕП“.

– Услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјава се овозможуваат со дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, што вчера беше усвоен со консензус во Собранието.

 Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Отворена е широка дебата во која се вклучени синдикатите, коморите, работодавачите. Даваат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош.

– Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолженија на две седници, на 28-та и на 29-та седница.

– Амбасадорот на Чешката Република во земјава Мирослав Томан денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

– Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие. Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари.

– Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, понекаде со сончеви периоди, а на места со слаб дожд особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е време повторно да се разговара за новиот Устав на Турција, јави агенцијата Анадолија.

– Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својата Влада од критиките дека вакцинацијата во земјата е забавена, истакнувајќи дека постоела добра причина за умереното темпо на Европа во споредба со другите региони.

– Американското Министерство за труд соопшти дека компанијата Гугл прифатила да плати 3,8 милиони долари по обвинението за дискриминација кон азиските жени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close