МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 февруари 2021

1 февруари 2021

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кои постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Во минатото како набљудувач на настаните во земјата сум знаел да бидам критичен, кога сум сметал дека така треба и сум поддржувал одлуки и процеси кога сум сметал дека се во интерес на граѓаните. Тоа ми дава за право да и во иднина од функцијата Народен правобранител да бидам во служба на граѓаните, а не сервис на власта, изјави новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери, по давањето свечена изјава во Собранието.

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со новоназначениот директор на Царинската управа, Горан Сугарески, на која беше потврдена успешноста на соработката на двете институции. Целта на средбата беше унапредување на соработката и на процесите кои Царинската управа ги има со сите институции со кои по надлежност соработува.

– Дебатата која на социјалните мрежи се води за воведување сексулано образование во второ одделение е лажна вест, за сите реформи и за новиот концпет на образование постои отворен канал, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведе овој предмет во второ одделение.

– Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски на денешната пленарна седница ја истакна потребата од отворање на граничниот премин Церје, на албанко – грчката граница.
– Албанскиот претседател Илир Мета денеска изјави дека земјата е прва во Европа по број на смртни случаи од коронавируси и оти владините мерки за спречување на ширење на вирусот не успеале.
– Полициската агенција на Европската унија (Европол) денеска ги предупреди земјите да внимаваат на лажните потврди за тестирање за Ковид-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат пари со забраната за патување поради пандемијата.
– Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close