МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 февруари 2021

1 февруари 2021

– Шефот на дипломатијата Бујар Османи, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, при што се заблагодари за континуираната билатерална поддршка што Норвешка ја дава во насока на унапредување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија, преку поддршка на административните и легислативните капацитети потребни за процесот на преговори со Европската Унија.

– Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја креира првата туристичка мобилна апликација „Discover Ohrid“.

– Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 5 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната.

– Собранието на Република Северна Македонија во среда ќе расправа за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања поднесена од опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.

– Француска поддршка за Србија на европскиот пат, Косовскиот дијалог и економската соработка во фокусот на денешната средба во Париз на францускиот и српскиот претседател Емануел Макрон и Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските покраини планираат денеска да разговараат со фармацевтската индустрија за начините за зголемување на досега бавната вакцинација на населението.

– Воениот командант на Мјанмар, високиот генерал Мин Аунг Хлаинг, е во центарот на вниманието откако војската денеска уапси политичари од владејачката Национална лига за демократија (НЛД) и соопшти дека ја презема власта во земјата, а од 2019 година е под санкции на САД по обвиненија за геноцид врз муслиманите Рохинџи.

Актуелниот англиски шампион Ливерпул доставил понуда до Јувентус за трансфер на централниот бек Мерих Демирал, објави турскиот портал „Фанатик“.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close