МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 февруари 2021

1 февруари 2021

Матурантите организирани од Средношколски сојуз  денеска го продолжија бојкотот, кој почна со второто полугодие, 21 јануари, со барање да полагаат два наместо четири предмети на државната матура. Првичниот план беше една недела да бојкотираат и потоа да решаваат за  идните чекори, а викендов донесе одлука и натаму да не се вклучуваат на настава.

– Бугарскиот претседател Румен Радев упати критики до Владата во Софија дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Северна Македонија на западните партнери, јави дописникот на МИА од Софија.

– Претставниците на фотографската и видео дејноста во земјава формираа Комора. Здружени, апелираат дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што соопштија денеска, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки.

Со сослушување сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

– По карантинот и полицискиот час воведени на 10 јануари, од денеска на Кипар започнува постепеното ублажување на мерките со отворање на берберниците, фризерските и козметичките салони и зголемување од 25 на 50 отсто на бројот на вработени со физичко присуство во приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европската унија најостро го осуди денеска воениот удар во Мјанмар и повика на итна обнова на легитимната власт во земјата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана, неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, емотивно реагираше на новинарско прашање во врска со негова можна оставка.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close