МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 февруари 2021

1 февруари 2021

– Mинистерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на консултативни состаноци со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во Свети Николе и Штип.

– Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.

– Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, во чии рамки ќе биде осветлена и Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид.

– Собранието денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, поднесена од опозицијата.

– Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница. На дневен ред е Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка во второ читање.

– Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

– Околу осум часот утрово по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтерова скала, а една минути подоцна уште еден од 4,8 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја, од Хамбург до Фокландските Острови, што е лет долг 13.700 километри.

– Премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која е уапсена денеска, го повика населението да „не го прифаќа“ воениот преврат, се наведува во писмото кое го објави нејзината партија на социјалните медиуми.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close