МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 јануари 2021

29 јануари 2021

– Просечната камата кај кредитите во декември изнесува 4,63 отсто и забележува намалување од 0,05 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

– Повеќе километри патишта се реконструирани за три години отколку за 11 години на поранешната Влада, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Тетово одговарајќи на новинарско прашање кога ќе има реални реконструкции на сообраќајниците.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Јапонија, Хиронори Савада. Ова беше прва средба на министерот со новиот амбасадор, соопшти Министерството за здравство.

– За потпишување на договорот на Северна Македонија со Фронтекс постои очигледен интерес и во самата Европска Унија ова прашање да се регулира, со оглед на нашата георгафија. Мигрантската криза 2015 и 2016 година, балканската рута и специфичната територија, ја прави македонската граница важна за ова прашање, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

Успешноста на една држава се мери според способноста да се справи со бројните економски, социјални, здравствени, еколошки и образовни ефекти од пандемијата. Еден од главните елементи што е неопходен за успешни политики е токму реалната слика за бројноста на населението и неговата економска, образовна и социјална структура. Не постои друг начин за добивање на реална слика освен преку пописот како статистичка операција кој е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. За жал, од познати причини речиси 20 години ние ги немаме тие витални статистички параметри.

Албанскиот државен комесар за избори, Илирјан Челибаши, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“ што се одржа во Тирана, рече дека и понатаму како проблем останува „финансирањето на партиите од светот на криминалот или нелегалните бизниси“.

– Шведска, која не воведе „затворање“ за време на пандемијата на коронавирусот, регистрираше нови 2.400 случаи на зараза, покажуваат денешните податоци на здравствените власти на таа земја.

– Властите во Боцвана започнаа истрага за причините за ненадејната смрт на 11 слонови во еден од резерватите во земјата.

Back to top button
Close
Close