МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 јануари 2021

29 јануари 2021

– Евроатлантскиот совет на Македонија соопшти дека вчера на Генералното собрание е избрано ново раководство, на кое за претседател едногласно е реизбран Исмет Рамадани. За генерален секретар е избран Илија Џугуманов, а бизнисменот Светозар Јаневски е избран за извршен директор на Бизнис- клубот.

– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, со градоначалниците и секретарите на општините за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Групата „Јавна соба“ во која над 6500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, синоќа е избришана на социјалната мрежа Телеграм. Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. Надлежните апелираат на внимателност бидејќи на Телеграм има и друга слична група за која исто така се постапува.

– И покрај тоа што се бележи стабилизација на бројот на заболените од Ковид-19, вчера беа регистрирани нови 336 случаи. Сепак, надлежните остануваат на ставот дека вирусот е под контрола и најавија набавка на нова најсофистицирана терапија за ковид-пациентите.

– Онлајн-конференција „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграции“ ќе биде одржана денеска во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма.

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на „ЕЛЕМ Турс“, Адем Авзиу, денеска во ски-центарот Попова Шапка ќе го означат пуштањето на шестосед-жичницата „Лајтнер“ во оваа сезона.

– Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

– Во 7 часот утрово најниска температура од -12 степени е измерена во Берово, а утринските температури се под нула во целата држава: -9 во Крива Паланка, -7 во Маврово, -5 во Скопје – Петровец, -4 степени во Претор, Демир Капија, Штип, Виница, Струмица, Гевгелија, Крушево и Куманово, -3 во Тетово, Прилеп и Скопје – Зајчев Рид, -2 во Битола и -1 степен во Охрид и Дојран.

 Вршителот на должноста премиер на Косово, Авдулах Хоти оцени дека најавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ за задолжително служење на воениот рок во неговата држава поради наводните опасности кои ѝ доаѓаат од Косово, претставуваат закана за мирот и стабилноста во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Четири лица загинаа во ковид болница во Букурешт во пожар кој избувна рано утрово. Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата.

Мексико денеска ја престигна Индија по бројот на смртни случаи од коронавирус, со што оваа латиноамериканска земја се рангира на третото место на светската црна листа. Мексиканското Министерство за здравство соопшти за 18.670 нови случаи на инфекција со коронавирус и уште 1.506 смртни случаи, со што бројот на заболени од почетокот на пандемијата се зголеми на 1.825.519, а на смртните случаи на 155.145.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close