МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јануари 2021

27 јануари 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ.

– Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов очекува до крајот на годинава да има кривични пријави и пресуди за некои од предметите за перење пари, а кои, како што вели, се со суми во милионски вредности.

Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на Договорот од Преспа, кој го отвори патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

– Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполноти 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба.

– Веќе е поднесена иницијатива до Основното јавно обвинителство за случајот со директорот на болницата во Струга д-р Мухамед Асани и тој е повикан денеска во Владата, потврди денеска вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

-Во Србија досега се вакцинирани 322.598 лица против коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград.

Европската унија и Соединетите Американски Држави мора да сторат повеќе за да помогнат да се стави крај на владеењето на белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја, повикувајќи ја ЕУ да воведе нови санкции.

– Во САД во јануари е регистриран најголемиот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун ќе остане на функцијата. Браун потпиша нов договор со „Либерти Медиа“ и ќе продолжи да работи како еден од предводниците на тркачката серија.

Back to top button
Close
Close