МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јануари 2021

27 јануари 2021

– Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утрово регистрира серија земјотреси со епицентри 50 километри југозападно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.

– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на средбата со Здружението на директори од основни и средни училишта зборуваше за текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието.

– Министерството за здравство соопшти дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 433 што е 73,2 отсто помалку во споредба со истиот период лани и 86,3 проценти помалку во однос на типичната сезонска крива. Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението, од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

– „Кога Меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

– На покана од  претседателот на Уставниот суд на Република Турција, проф.д-р Зухту Арслан, од денеска до 31 јануари, делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе оствари работна посета на Република Турција.

– Прелиминарни биле разговорите меѓу министрите за туризам на Грција и Србија за време на нивната вчерашна онлајн средба околу сертификатот за вакцинација и не постоел конечен договор, објасниле извори од Министерство за туризам на Грција за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

– Шест невладини организации, меѓу кои и Амнести Интернешенел, за првпат во Франција почнаа групна акција против државата со цел да се стави крај на „дискриминаторските проверки на идентитетот“ од страна на полицијата. Претседателот Емануел Макрон го призна постоењето на дискриминаторски контроли во декември 2020 година, за време на интервјуто за Брут, јави дописникот на МИА.

– Американскиот сојузен судија Дру Типтон привремено го блокира обидот на претседателот Џо Бајден привремено да ја стопира депортацијата на имигрантите од САД.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, во интервју за Марка ги коментираше долговите на каталонскиот клуб на крајот на минатата година.

Back to top button
Close
Close