МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јануари 2021

27 јануари 2021

– Тешко е да се предвиди точниот датум кога вакцините од КОВАКС механизмот би пристигнале во Република Северна Македонија. Во едно неодамнешно соопштение, КОВАКС најави дека испораката на вакцините на државите-учеснички во механизмот би можела да почне за време на првото тримесечие од 2021 година, но дека тоа зависи како од поволните регулаторни одлуки, така и од подготвеноста на здравствениот систем и на националниот регулаторен систем во секоја од поединечните земји. Доколку нема проблеми во делот на регулаторните одлуки или во делот на подготвеноста на државата, намерата е првичните дози од вакцината да им бидат испорачани на сите земји-учеснички во КОВАКС механизмот истовремено или што поблиску до таа цел.

– Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар.

– „Кога меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

– Португалското претседателство со Европската Унија го смета процесот на проширување како важно прашање и ќе направи сѐ што е во негова моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион.
Вакви пораки во Брисел добија вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, од португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

– Бројот на новозаразени од Ковид-19 и починати се намалува, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 2518 тестови, вчера се регистрирани 444 нови случаи, а бројката на оздравени е двојно поголема.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

– Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец. Наместа ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

– Најстудено изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -12 степени, по што со -10 следи Маврови Анови, со -7 Крушево, -6 Пожаране и Ѓуриште. Во Охрид и Претор температурата се спуши 4 степени под нулата, -3 во Крива Паланка, Прилеп, Берово и Дебар, -2 во Тетово, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Куманово и Виница, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

– Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во моментов е најпопуларен политичар во земјата, додека 48 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за премиерот Андреј Пленковиќ, покажуваат резултатите од најновата анкета на Кробарометар за расположението на гласачите во Хрватска.

Во Холандија четврта вечер по ред се протестира против мерките за карантин, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени испратени дома порано од безбедносни причини.

Кина примени околу 22,8 милиони дози вакцина против Ковид-19, изјави денеска здравствен службеник, додека земјата ја интензивира кампањата пред лунарните новогодишни празници во февруари и зголемените патувања.
Најнаселената земја во светот ја прошири својата таргетирана програма за вакцинирање од средината на декември за да вклучи повеќе приоритетни групи со поголем ризик од изложеност на вирусот, во обид да се спречи ширењето на инфекцијата во зимскиот и пролетниот период.
Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е на врвот на листата кандидати за МВП оваа сезона кај повеќето обложувалници.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close