МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јануари 2021

26 јануари 2021

– Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи, како и очекувањата во периодот што претстои, беа главни теми на денешната средба во Брисел на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

– Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража, информира ЈП „Македонија пат“.

– На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со новоименуваниот амбасадор на Државата Катар, Јасим Бин Хамад Ал-Тани, биле разменети мислења за досегашната и идна соработка меѓу двете земји, особено на планот на унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на сите нивоа, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, на која изрази благодарност за холандската поддршка на политиката на проширување на ЕУ, како и за силната поддршка на земјава во процесот на спроведувањето на реформите.

– Граничната фитосанитарна инспекција на Србија врати пратка од 17,8 тони сусам од Индија, поради присуството на етилен оксид во количина поголема од дозволеното, соопшти денеска Министерството за земјоделство за Танјуг.

– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ инвестирала милијарди евра во развој и производство на вакцини против Ковид-19 и дека сега со право очекува фармацевтските компании да го исполнат својот дел од обврските кон Европа.

– Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст  за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5 отсто, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски екононски изгледи 2021“.

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа изјави дека се обидува да покаже лидерски квалитети на натпреварите на „црвените ѓаволи“.

Back to top button
Close
Close