МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јануари 2021

26 јануари 2021

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го потпиша Писмото за спогодба со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) за воспоставување на национална аеродромска меѓуагенциска група, соопшти владината прес-служба.

– Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

– При извршената проверка на резервоарите за мазут и на начинот на постапување со отпад, вклучително и со опасен отпад во „Топлана Исток“ на Балкан енерџи груп (БЕГ), Државниот инспекторат за животна средина утврди дека количеството на мазут што БЕГ има обврска да го набавува секоја година согласно Законот за енергетика е за 15-дневна потрошувачка.

– Собранието на Република Северна Македонија денеска ја продолжи 32. седница, но поради недоволен број пратеници, гласањето за законите ќе биде дополнително закажано. На седницата има 48 точки, а останати за разгледување се 47 откако вчера беше избран народниот правобранител.

– Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите во автобусите.

– Забрана за движење на тешки моторни возила попладнево е воведена на на патниот правец Гостивар – Маврово.

– Уставниот суд на Албанија со денешната седница, се врати во нормала по три годишно нефункцонирање.

– Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ја предаде оставката до шефот на државата, отворајќи го патот за формални консултации за надминување на политичката криза, соопшти кабинетот на претседателот.

– Доналд Трамп отвори канцеларија на Флорида, која ќе ги води неговите работи како поранешен претседател на САД и ќе ги промовира програмите на неговата администрација.

Новинарот на „РТЛ“, Феликс Хорнер сподели информации за постигнат договор меѓу Мерцедес и седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.

Back to top button
Close
Close