22 јануари 2020
– Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА.
– Во рамки на официјалната посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средби со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, првуит човек на црногорскиот Парламент, Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ, и со заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
– Заокружен е трансферот на административните службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем, така што 1.349-те службеници, претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование, се распределуваат во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи.
– Опозициската ВМРО-ДПМНЕ чека законот за попис да излезе во Службен весник да почнат со собирање потписи од граѓаните со кои ќе побараат во Парламентот да се укине донесениот Закон за попис.
– Во напуштена куќа во село на грчкиот остров Закинтос, полицијата пронашла 800 килограми амониум нитрат, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
– Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва по неговото пристигнување од Германија, каде се лекуваше по обидот за труење.
– Американскиот претседател Џо Бајден го остранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет за повик на батлерот да донесе диетална кока-кола.