МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јануари 2021

22 јануари 2021

– Владата на својата официјална веб-страница објави список со износот на платите на премиерот, вицепремиерите и министрите кои им биле исплатени за декември. Највисоки плати имаат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Убеден сум дека пописот ќе се спроведе во април оваа година, изјави денеска на прес-конференција првиот вицепремиер Артан Груби.

– Реформата треба да се поддржи и е неопходна што побргу зашто се работи за најзначајно прашање – основното образование, кое е база на целиот образовен систем, сметаат членови на Одделението за општествени науки и на Центарот за стратегиски истражувања во МАНУ, според кои е нормално да има различни ставови, а и тие имаат свои сугестии за подобрување на концепцијата и нив ги изнеле денеска на средбата со министерката Мила Царовска и со членовите на работната група кои го изработија нацрт-документот.

– Претседателот Стево Пендаровски, денеска, oствари разговор преку видео-врска со Карменца Харамиљо Гутиерез, новоименувана амбасадорка на Република Колумбија за Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, по повод предавањето на акредитивните писма, кои поради КОВИД-пандемијата ги достави по писмен пат.

– За сите оние кои во Грција ќе пристигнат на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што се во сила до 8 февруари, јави дописничката на МИА од Атина.

– Државите од ЕУ можат независно, индивидуално да преговараат за набавка на вакцини што не се вклучени во европската стратегија за имунизација, изјави денеска портпаролот на Европската комисија по повод подготвеноста на Унгарија да ја користи руската вакцина Спутник.

– Американскиот претседател Џо Бајден планира денеска да објави укази за привремени мерки за давање финансиска помош на милиони Американци, кога Конгресот почнува да разговара за неговиот план за значително поголем пакет помош од 1,9 трилиони долари за олеснување на ефектите од последиците на корона-кризата.

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Мухамед Сејдини денес соопшти дека е уважената тужба на федерацијата која се однесуваше на решението на Државната комисија за одлучување. Тој порача дека ФФМнема да потклекне на никаков притисок.

Back to top button
Close
Close