МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јануари 2021

22 јануари 2021

– Претставници на бугарско-македонска Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска ќе одржат онлајн состанок на кој треба да ги прецизираат текстовите на записниците од претходните средби, кои сè уште не се потпишани.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

– Министерството за образование и наука соопшти дека дебата за предложените реформи во основно образование денеска е организирана со академици од Одделението за општествени науки на Македонската академија на науките и уметности (МАНУ), на која присуствуваа министерката за образование и наука и заменикот, Мила Царовска и Арафат Шабани, членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието.

– Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на Brainster. На крајот на минатата година Brainster лансираше алатка за кариерно советување, која е бесплатна за користење за сите. Целта на алатката е да им помогне на корисниците да ја почнат потрагата по „вистинската кариера“, како и да ја истакне потребата од потемелно кариерно советување.

– Навиките за патување се сменети под влијание на Ковид-19 кризата. Туристите патуваат во помали групи, во помалку истражени места како национални паркови, планини и рурални места и сакаат да истражуваат локални искуства и храна. Земјите од Западен Балкан имаат вакви природни богатства и традиција и ова е одличен момент за зајакната регионална соработка.

– Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Северна Македонија и Албанија одлука што ќе биде во сила до 8 февруари во 6 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.

– По одлуката на албанската влада да го протера нивниот дипломатски претставник Алексеј Кривошеев, поради непочитување на антковид мерките, реагираше руската абасада во Тирана, оценувајќи ги за неосновани изнесените обвинувања.

– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона од која патниците треба да бидат тестирани пред да заминат и да се стават во карантин по пристигнувањето на дестинацијата.

– Превентивно, третманот со синтетички антитела на американската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly) овозможува да се намали ризикот од инфекција со Ковид-19 за 80 проценти.

Back to top button
Close
Close