МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јануари 2021

22 јануари 2021

– Пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, а за негова доследна реализација ќе биде изготвена методологија и други пропратни документи. Конечната одлука за одржување на пописот во земјата, прв по 19 години, беше потврдена со вчерашното гласање во Парламентот, зад кое, како што најави, не застана најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Наставата во второто полугодие продолжи по истиот, хибриден модел, како и во првиот дел од учебната 2020/2021 година затоа што, според Министерството за образование и наука, се покажал успешен и обезбедува континуитет во образовниот процес во услови на пандемија. Учениците до трето одделение и повозрасни од помалите училишта, главно подрачни и во рурални средини, вчера се вратија во училишните клупи по тринеделниот зимски распуст, а за поголемиот дел основци и средношколци наставата продолжи на далечина.

Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство.

– Министерот за надворешни работи на Бујар Османи, денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Ѓорге Радуловиќ.

– Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори предлага да се пролонгираат роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи како дел од петтиот пакет економски мерки.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини остварија средба со претставници на турската агенција за земјоделско осигурување ТАРСИМ.

– Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.

– Во морскиот дел меѓу грчките острово Крит и Касос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 4.5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

– Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје стапува на сила денеска. Договорот е потпишан од 51 земја, објави „Гардијан“.

– Конгресната полиција во Вашингтон ги истражува извештаите дека републиканскиот конгресмен Енди Харис вчера со пиштол се обидел да влезе во Претставничкиот дом на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си.

Back to top button
Close
Close