МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јануари 2021

21 јануари 2021

– Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра. 

– Имаме раст на просечната нето плата во ноември, наша цел се достоинствени плати и подобар животен стандард за граѓаните. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години, објави премиерот Зоран Заев.

– Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на „Фајзер“ кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво кое е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, вели министерот за здравство Венко Филипче.

– Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информира дека дел од анализите во владините структури е и директната финансиска поддршка на лицата со попреченост во рамки на петтиот пакет мерки за справување со Ковид кризата.  Според неа, во тек е анализа кои категории не биле воопшто опфатени со мерките.

– Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас преку нивните официјални твитер-профили упатија честитки до новиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис и изразија надеж за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу двете земји и двата народа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати денеска остри критики за неколкумина локални политичари кои се вакцинарале против Ковид-19 иако не припаѓале во приоритетните групи.

– Пет лица загинаа во пожарот што избувна во индиската фабрика на Институтот за серум (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во Западна Индија, пренесуваат индиските медиуми.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за поразот на тимот од Алкојано во 1/16 финалето од Купот на Шпанија.

Back to top button
Close
Close