МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јануари 2021

21 јануари 2021

– Ниеден наставник не останува без работа, ниеден предмет нема да биде укинат, фондот на часови ќе се зголеми,  а се овозможува и кариерен развој за наставниците, кои ќе бидат помотивирани за работа. Министерката Мила Царовска го повтори ставот за придобивките од нацрт-концепцијата за која денеска имаше состанок со наставници од основни училишта од различни општини, одделенски и предметни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работен состанок со директорот на Регионалниот Центар на регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – МАРРИ,  Сашко Коцев.

Масовно крадење на капаците на шахтите и решетките од сливниците продолжува, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Како што велат од таму во општина Карпош, денеска повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: бул. „Партизански одреди“, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ и на бул. „8 Септември“.

– Собранието денeска во рамки на продолжението на 29. седница со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021. За пописот гласаа „за“ и 29 пратеници припадници од помалите етнички заедници.

– Занаетчиите бараат од државата да бидат опфатени со петтиот антикризен пакет, да продолжи мерката за минимална плата која се движи од 17.410 до 21.700 денари, таа да биде безусловна и да нема нејзин поврат, како и да добијат еднократна финансиска помош за да ги покријат заостанатите индиректни трошоци.

– Различна е сликата со бојкотот на наставата од матурантите. Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите. Во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира. Тоа се мали групи кои искажуваат незадовлство и тоа е нивно легитимно право, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Прашањата што се однесуваат на одредување на ексклузивната економска зона и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран, ќе бидат единствените теми за кои Грција ќе разговара со Турција во рамките на 61-от круг прелиминарни контакти што в понеделник ќе се одржи во Истанбул, истакнаа на денешните редовни брифинзи со новинарите и портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис и портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во текот на изминатата година, 32 отсто помалку фирми отишле под стечај во 2020 во споредба со претходната година, соопштија белгиските судски власти.

– Повеќе Американци починаа од Ковид-19 отколку за време на Втората светска војна, покажуваат податоците на Унивзеритетот Џон Хопкинс.

Напаѓачот на Фиорентина, Франк Рибери не исклучи дека може да се врати во германскиот фудбалски шампионат.

 

 

Back to top button
Close
Close