МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јануари 2021

21 јануари 2021

– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година. Организирани од Средношколскиот сојуз, почнаа бојкот зашто бараат да полагаат два наместо четири (три екстерни и еден интернет предмет) од државната матура – спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми.

– Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот квартал од 2020 година, во однос на претходниот квартал, оценува Народната банка врз основа на расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал од 2020 година.

– Наместо како одговор да добиваме „ќе” видиме и „ќе” разговараме, го замолуваме вицепремиерот Битиќи итно да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата има сериозни намери со петтиот сет мерки да донесе мерки за разумна помош и поддршка за угостителската индустрија во рамки на возможното.

– Припадници на специјалните полициски единици интервенираа ноќеска за да ги смират инцидентите што избувнаа во еден од центрите за прием на илегални мигранти во околината на Сараево, при што некои беа повредени, потврди портпаролот на сараевската полиција, Мирза Хаџиабдиќ.

– Велика Британија одби да му гарантира целосен дипломатски статус на амбасадорот на Европската Унија во Лондон, јави Би-Би-Си.

– Кина денеска му честиташе на американскиот претседател Џо Бајден на преземањето на должноста и повика на „единство“ во односите меѓу двете земји.

Тренерот на Челзи, Френк Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на тимот не се подобрат наскоро, објави „Скај Спорт“.

Back to top button
Close
Close