МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 јануари 2021

 

20 јануари 2021

– Владата соопшти дека со првата мерка од Пакетот 5 компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали.

– Судскиот совет на денешната седница разреши судија од Основниот кривичен суд Скопје поради поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката за разрешувањето на судијата, како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, се водела околу една и пол година, но притоа не сакаше да открие за кого станува збор.

Инфраструктурните проекти што се реализираат во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата, беа главни теми на разговор на денешната работна средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со aмбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри.

Албанија е рангирана на шестото место во светот според бројот на дозволи за престој што нејзините граѓани ги добиле во земјите на Европската унија и прва во однос на бројот на популацијата,наведува весникот Монитор.

– Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изрази денеска „големо олеснување“, неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД, нагласувајќи дека тоа чувство го делат многумина во Германија.

– Кремљ оцени дека подобрувањето на односите помеѓу Русија и САД исклучително зависи од „политичката волја“ на Џо Бајден, кој денеска во Вашингтон положува заклетва како 46. претседател на САД.

– Првиот говор на Џо Бајден како претседател нема да биде за Доналд Трамп, изјави денеска портпаролката на новоизбраниот претседател, Џен Псаки, само неколку часа пред почетокот на инаугирацијата, јави ДПА.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска го објави идеалниот тим на годината и најдобрата екипа во 2020, во избор на близу шест милиони навивачи, кои гласаа преку официјалниот сајт „uefa.com“.

Back to top button
Close
Close