20 јануари 2021
– На Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од Амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Дан Оријан, соопшти Министерството за здравство.
– Во Берово ќе се гради споменик на четворицата бранители кои загинаа во конфликтот во 2001 година. За таа цел како што информираа од Општината во тек е јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележјето.
– Ефикасна борба против корупцијата е неопходна за напредок на земјата и за подобар живот на граѓаните, напиша на Твитер евроамбасадорот Дејвид Гир по средбата со претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер. На средбата, како што соопштија од МВР, биле потврдени пријателските односи, довербата и отсуството на отворени прашања помеѓу двете држави, како и поддршката што Француската Република и ја дава на Република Северна Македонија.
– Албанија е рангирана на шестото место во светот според бројот на дозволи за престој што нејзините граѓани ги добиле во земјите на Европската унија и прва во однос на бројот на популацијата,наведува весникот Монитор.
– Директорот на Европската агенција за заштита на границите (ФРОНТЕКС), Фабрици Лаџери нема да поднесе оставка, изјави портпаролот на Агенцијата, истакнувајќи дека ФРОНТЕКС не е вмешана во назаконско одбивање на мигрантите.
– Првиот говор на Џо Бајден како претседател нема да биде за Доналд Трамп, изјави денеска портпаролката на новоизбраниот претседател, Џен Псаки, само неколку часа пред почетокот на инаугирацијата, јави ДПА.
– Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски денеска организираше прием по повод пласманот на македонската одбојкарска репрезентација на 32-то Европското првенство (ЕП), што ќе се одржи во четири европски држави во втората половина на годинава.