МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 јануари 2021

20 јануари 2021

– За основците и средношколците денеска е последниот ден од зимскиот распуст кој трае од 31 декември. Утре ќе го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година и ќе се вратат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи.

– Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел, соопштија од Град Скопје.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 17 јануари биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

– Постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ, со кои треба да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја продолжува мини турнејата по земјите од регионот и Европа. Од денеска тој пестојува во Словенија, каде, како што најави на својот профил на Фејсбук, ќе се сретне со премиерот Јанез Јанша. Мицкоски во кусиот статус критикува дека овие европски земји одат со крупни чекори напред додека ние се уште молиме за донации за вакцини против Ковид-19.

– Европратениците со задоволство би сакале да го видат новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур. Ова денеска го соопшти Манфред Вебер, лидер на Европската народна партија – ЕПП, водечката партија во ЕП.

Доналд Трамп ќе биде првиот претседател на САД во изминатите неколку децении што си заминува од функција а кој нема да присуствува на инаугурацијата на својот наследник, објави Њујорк тајмс. Но, во подалечното минато се случило неколкупати претседател да не присуствува на царемонијата.

– Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека заклучно со вчера вакцина против Ковд-19 примиле 15.707.588 луѓе и дистрибуирани се 31.161.075 дози.

Холандскиот напаѓач Клас – Јан Хунтелар се врати во бундеслигашот Шалке 04 во обид да помогне во битката за опстанок на тимот за кој играше од 2010 до 2017 година, постигнувајќи фантастични 48 голови на 48 натпревари во сезоната 2011-12.

Back to top button
Close
Close