МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 јануари 2021

20 јануари 2021

– Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала во 03:29 часот е почувствуван во југозападните делови од земјава.

– Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) информира дека со писмо испратено до Министерството за образование и наука реагира на најавената концепција во основното образование.

– Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за труд и социјална политика, за здравство, за европски прашања и за финансирање и буџет.

– Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска ќе најават почеток на нова чешка инвестиција во земјава.

– Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Бугарија, на покана од вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

На светот му треба американско лидерство во борбата против Ковид-19, смета шефот на европската дипломатија, кој упати повик до новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден да преземе акција откако администрацијата на Трамп беше широко критикувана за бавниот одговор на пандемијата.

– Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден ќе побара продолжување на новиот договор СТАРТ за стратешко оружје со Русија и ќе одлучи колку долго ќе трае продолжувањето, изјави главниот кандидат за иден државен секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Во целата држава утринските температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 9 степени. За утре се најавува повремен снег на планините во западните делови, а веќе во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд.

Back to top button
Close
Close