18 јануари 2021
– Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ, Само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.
– Лекарската комора преку соопштение од новинарите бара да се почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции.
– Министрите за внатрешни работи на С Македонија и на Црна Гора Оливер Спасовски и Сергеј Секуловиќ, на денешната работна средба договориле продлабочување и унапредување на добрата соработката меѓу полициите, конкретно во повеќе области значајни за европска интеграција.
– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивен и суспектен на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
– Еден пратеник од владејачкото мнозинство е позитивен на коронавирус, а уште еден е тестиран и за него се чекаат резултати. Ова, како што појасни координаторот на СДСМ Јован Митрески на почетокот на 30-тата седницата за која се уште не е утврден дневниот ред, е причината поради која во Собранието не може да се обезбеди кворум од 61 пратеник за работа.
– Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека утре во Србија ќе започне „масовна“ вакцинација на граѓаните против коронавирус, јави допсникот на МИА од Белград.
– Италијанскиот премиер Џузепе Конте разговараше со членовите на Долниот дом на италијанскиот Парламент бидејќи Владата западна во криза откако коалицискиот партнер, партијата Италија Вива ја напушти Владата.
– Повеќе од 600 лица се уапсени по третата ноќ по ред на протестите во повеќето туниски градови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– Прес-службата на Дејвис купот објави дека организацијата ја разгледува опцијата финалето на турнирот да се одржи во три града.