МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 јануари 2021

18 јануари 2021

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта денеска имаа средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. На средбата Мицкоски зборувал за блокираните европски интеграции и побарал помош од Унгарија и севкупна поддршка за земјава.

Генерално во однос на размената на информациите соработката е одлична на МВР на С Макеоднија и на Црна Гора. Во текот на 2020 година помеѓу Националните бироа на Интерпол се разменети околу 540 информации, а Секторите на криминалистичка полиција или Секторите што се занимаваат со организиран криминал имаа низа успешни акции, размената на податоци за миграциите и реадмисиите функционира одлично. Тоа е реалноста на односите помеѓу С Македонија и Црна Гора.

– Вчера почина универзитетската професорка, преведувач и научен работник проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева, која својот работен век го помина на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како професор по современа англиска и американска книжевност, а беше и раководител на катедрата, продекан и декан на факултетот.

Безбедносните сертификати ги издава Дирекцијата за класифицирани информации, но клучна улога има Агенцијата за национална безбедност која ги цени сите аргументи и факти пред се како докази што доаѓаат и од страна на МВР. Тоа е нивна надлежност, а секако дека одредени активности што се превземаат редовно во МВР е една од основите за носење одлука дали некое лице ќе добие безбедносен сертификат или не.

– Епидемиолошката состојба во Хрватска е подобра, но тешко е да се каже дека состојбата со епидемијата е стабилна, изјави денеска шефот на Националниот штаб, министерот за полиција Давор Божиновиќ.

– Канцеларијата на ОН за човекови права денеска повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен во полициска станица по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше откако беше отриен со „новичок“ минатата година.

– Повеќе од 600 лица се уапсени по третата ноќ по ред на протестите во повеќето туниски градови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Австралиските власти категорично ги отфрлија денеска барањата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за олеснување на строгиот карантин за големиот број тенисери и тенисерки, кои се во двонеделна самоизолација без услови за подготовки за претстојниот Австралија опен.

Back to top button
Close
Close