МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

15 јануари 2021

15 јануари 2021

– Во Собранието трет ден се води расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. И третиот ден од расправата, како и претходните два дена, измина со спротивставените ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

– Новопримените професионални војници кои беа дел од последниот конкурс на Министерството за одбрана за прием на 200 професионални војници, денеска во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, ја дадоа својата свечена заклетва.

– Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.

Албанскиот премиерот Еди Рама во врска со состојбата со обилните врнежи од дожд и поплавите во повеќе делови во земјата оцени дека справувањето било „успешно положен тежок тест“, отфрлајќи ги обвинувањата на шефот на државата и опозицијата за несоодветно справување со проблемот.

 Владата на Косово донесе одлука за олеснување на мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19 во однос на рестрикциите на движењето на граѓаните и работното време на угостителските објекти и другите економски оператори, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката објавена денеска на веб страницата на Владата, на предлог на Министерството за здравство, општините и натаму ќе бидат поделени во три категории, според степенот на ризик од ширење на заразата.

– Француското финансиско обвинителство (ПНФ) почна истрага за злоупотреба на функцијата во рамки на консултантски активности во Русија на поранешниот француски претседател Никола Саркози, јавија француски медиуми кои се повикуваат на извори блиски до истрагата. Од ПНФ потврдиле дека почнала истрага за злоупотреба на положбата, но и поради криминал и други прекршоци.

– Во врска со најавата дека Унгарија, поради „бавната испорака на европските вакцини“, размислува за увоз на „лесно достапни кинески вакцини“, Брисел порача дека „нема потреба“ за билатерална набавка на дополнителни вакцини, без да се преговара со Кина на ниво на ЕУ.

– Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го доби својот нов официјален претседателски профил на Твитер, но беше принуден да го активира со нула следбеници.

Спортскиот директор на Фенербахче, Емре Белезогу зборуваше за можниот трансфер на играчот за врска на Арсенал, Месут Озил.

Back to top button
Close
Close