МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

15 јануари 2021

15 јануари 2021

– Министерството за економија информира дека ќе и предложи на Владата да ги повлечат предлог измените на Законот за минерални суровини поднесени до Собранието по скратена постапка. Целта е, како што велат од Министерството, негово доработување и усогласување со забелешките изнесени во барање.

– Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 28 јануари 2021 година, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на Спиро Ристовски.

МВР работи на расчистување на случајот со палењето на знаметото на Република Бугарија во Вевчани, истакна на денешната прес-конференција во Штип портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Откако ќе заврши рокот за коментари (20 јануари) за Нацрт-концепцијата по електронска пошта до МОН, ќе продолжат усните дебати со сите засегнати во процесот за да се расчистат дилемите кои намерно или ненамерно беа наметнати во јавноста. МОН и работната група што ја направи концепцијата ќе ги земе предвид конструктивните коментари и во наредниот период ќе треба заеднички да ја донесеме новата концепција и да почнеме во наредната училишна година, изјави министерката Мила Царовска по средбата со претставници на Управниот однор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

– Вакцинацијата на првите 1.000 граѓани постари од 75 години, кои доброволно се пријавија преку порталот Е-управа, денеска почна во десет здравствени домови во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

– Норвешкиот институт за јавно здравје (ФХИ) соопшти дека фармацевтската компанија Фајзер привремено ќе ги намали пратките со својата вакцина против Ковид-19 во Норвешка и во Европа.

– Иранската морнарица соопшти дека забележала неидентификувана подморница во близина каде одржува воени вежби во Омански Залив.

Back to top button
Close
Close