МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

8 јануари 2021

8 јануари 2021

– Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро капацитетите во државата, коешто, пред се, се должи на лошата хидрологија, поради што кон крајот на 2020 година имаше потреба од увоз, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост.

– Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнените поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.

– Преспанскиот договор беше возможен затоа што македонскиот идентитет не беше чепнат. Во дел од прашањата што ги отвора Софија се навлегува во нешто во кое што Софија нема право – македонскиот идентитет, вели вицепремиерот за европски прашања Никола димитров во интервјуто за МИА.

–  Без вода денеска од 10 часот се корисниците од улица „Варшавска“ во населбата Тафталиџе.ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект од ф-100м на улицата „Варшавска“ 8.

– Преку специјална платформа, просветните работници во Грција можат да се пријават за бесплатно тестирање за Ковид-19, кое започна утрово, а е во пресрет на отворањето на училиштата и градинките в понеделник, јави дописничката на МИА од Атина.

– Можноста за вакцинација на дневно ниво ќе се зголеми од 5.000 на 8.000 лица, а можеби и малку повеќе, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на редовниот состанок со надлежните министри за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Вашингтон воведе полициски час, американскиот Конгрес речиси едногласно ја верификува изборната победа на Џо Бајден, а Доналд Трамп е подготвен да ја напушти Белата куќа. Немирите, како што поддржувачите на Бајден го нарекуваат упадот во Конгресот од страна на приврзаниците на Трамп, не успеаја, пишува весникот „Росијскаја газета“ во врска со настаните кои се случија пред два дена во Капитол Хил.

– Германија со цел да го спречи новиот бран на зараза со коронавирус, поради повратниците од одмор од Балканот, го заостри режимот за влез во земјата со десет дневен задолжителен карантин и стратегија со направени „два теста“ од 11 јануари.

– Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејли Мекени изјави дека претседателот и целата администрација го осудуваат насилството во Конгресот како „неамериканско“ однесување и побара лицата кои го прекршиле законот да бидат кривично гонети.

– Норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој изминатата есен го предложи американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, сега, по упадот на неговите приврзаници во Конгресот на САД, смета дека тој не треба да остане во Белата куќа до крајот на мандатот.

– Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска и забрани на Владата да увезе вакцини против Ковид-19 од САД и од Велика Британија.

 Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази разочарување од учинок на тимот во последниот период.– Не го очекувавме ова и не ни се допаѓа, но таквите работи е тешко да се избегнат. Ми се чини дека освоивме само два натпревара од последните шест. Се разбира, тоа не се стандардите што ги очекуваме од нас самите, изјави Клоп.

 

Back to top button
Close
Close