МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

8 јануари 2021

8 јануари 2021

 – МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

– Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари.

– Прилагодливоста на опкружувањето и условите на глобално и локално ниво во текот на 2020 година дојдоа до израз и во работата на странските инвеститори присутни во земјава. Падот на производството се очекува да биде 20 до 25 отсто во однос на првобитниот план, оценува претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции, Виктор Мизо.

– Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, Берлин најавува дека останува посветен на ова прашање, мислам дека Европската Унија не може да си дозволи луксуз и оваа 2021 година, да помине така како што помина 2020, со неуспех по проширувањето, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во празничното интервју за МИА, во кое разговаравме за бугарската блокада, европеизацијата дома, интерпелацијата за него поднесена од страна на опозицијата, за капацитетите и подготвеноста на администрацијата за процесот на преговор.

– Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објави дека денеска ќе биде лансиран комуникацискиот сателит од петтата генерација „Турксат 5А“.

– Шефот на полицијата на Капитолот, Стивен Санд, заминува од фунцијата на 16 јануари откако службата беше остро критикувана за пропустите во обезбедувањето на Капитол по насилниот упад во Конгресот на екстремисти лојални на претседателот Доналд Трамп.
Санд ја донел одлуката кратко време откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да си поднесе оставка.

– Министерката за образование на САД, Бетси Девос синоќа приложи писмо до претседателот Доналд Трамп, во кое го извести за нејзина оставка, последна во низата слични оставки по заверашниот упад и насилствата во Капитолот на САД.

– Вршителот на должност американски државен обвинител Мајкл Шервин најави дека неговата канцеларија ќе ја разгледа можноста за покренување на обвинение против сите кои учествуваа во нападот на Конгресот и оти од тоа нема да биде иземен ниту претседателот Доналд Трамп.

– Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја именуваше гувернерката на Род Ајленд, Џина Рејмондо за министерка за трговија, додека на функцијата министер за труд ќе биде поставен градоначалникот на Бостон, Марти Волш, објавуваат медиумите во САД.

– Компанијата Боинг се согласи да плати 2,5 милијарди долари, со што ќе ги порамни казните за кривичните пријави во САД дека од службениците за безбедност криела информации за дизајнот на својот авион „737 Макс“.

– Германската осигурителна компанија „Мјуних Ре“ (Munich Re) соопшти дека природните катастрофи мината година предизвикале штета од 210 милијарди американски долари ширум светот.

 – Милан има намера да му понуди договор на играчот за врска Хакан Чалханоглу со плата од 3,5 милиони евра по сезона, објави „Скај Спорт“. Разговорите со агентот на 26-годишниот Турчин ќе се одржат следната недела.

 Реал Мадрид преку социјални мрежи покажа како се одвива реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Во тек се градежните работи во арената, која е покриена со снег.

 Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари, дознал за позитивен тест за коронавирус за време на натпреварот против Бруклин (109:122) одигран ноќеска во Њујорк, објави новинарот на телевизискиот канал „ЕСПН“ Адријан Војнаровски.

– Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.  Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close