МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 јануари 2021

5 јануари 2021

– Вкупно 64 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите известуваат професионално и непристрасно за време на пандемијата со ковид-19. Медиуми во кои најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации се социјалните медиуми – дури 28,8 отсто и тоа најмногу Фејсбук, но и телевизиските канали – 26,8 отсто.

Ако во 2020 година после 30 години трчање и чекање станавме полоноправна членка на НАТО Алијансата во 2021 година на сите нас во одбраната, фокусот ќе ни биде практично да го докажеме и покажеме на дело, какви сме како членка, порача Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска при денешната посета на Лесниот пешадиски батаљон во касарната „Јане Сандански“-Штип.

– Екипа од пожарникари влегува во ТЦ „Глобал“ од кај гаражите барајки ги хидрантите и се утврдува дека тие се неупотребливи, поради што сите противпожарни возила мораат да ротираат кон базата за полнење вода и се губи драгоцено време и енергија, стои меѓу другото во извештајот на ТППЕ Струмица за текот и гаснењето на пожарот, кој е објавен на нивната официјална фејсбук страница.

– Годинава нема да биде лесна од аспект на економијата, но бројките од 2020 година не охрабруваат, бидејќи исправните политики, инклузивноста, соработката и партнерството со сите чинители во општеството покажа резултати и очекуваме тоа да продолжи и во наредниот период. Доказ за тоа се и јавните констатации од ММФ при последната мисија во земјава и задржаниот кредитен рејтинг, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, соопштија за МИА од ОЈО Струмица.

– Собранието на Косово за денеска во 18 часот закажа вонредна седница на која треба да донесе одлука за испраќање на припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во заеднички мисии со Националната гарда на американската сојузна држава Ајова, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Европската унија соопшти дека ќе ги удвои напорите за зачувување на нуклеарниот договор со Иран, иако го обвини Техеран за „сериозно кршење“ на обврските што ги презеде во договорот од 2015 година со натамошното збогатување на ураниум.

Окружниот суд во Пакистан ги забрани таканаречените „тестови за невиност“ при истрага на случаи на силување, а одлуката ја поздравија активисти за човекови права кои поднесоа барање до судот да стави крај на таа пракса, пренесува Би-Би-Си.

Плејмејкерот на италијанскиот кошаркарски клуб Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокупот.

Back to top button
Close
Close