МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 јануари 2021

4 јануари 2021

– Пописот е насушна потреба и верувам дека ќе биде спроведен од 1 до 21 април како што е замислен. Сега постои Закон за попис, го спроведуваат институциите и е задолжителен и има казни ако не се почитува, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Владата на седница одржана на 29 декември минатата година донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, која стапи во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30 декември 2020 година, информираат денеска од Сојузот на стопански комори (ССК).

– Мислам дека изборите се несоодветен момент за решавање на вака политичко сензитивни прашања, посебно прашања во коишто барем нашата страна не може да утврди каде е проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање до каде сме во решавањето на отворените прашања со Софија и дали смета дека тоа е можно до март пред парламентарните избори во Бугарија.

– Со новата концепција за основно образование ниту еден наставник нема да остане без работа. Влегуваме етапно и постепено во основното образование, за да загарантираме квалитет и за да можеме да ги вклучиме сите засегнати страни кои имаат одредено мислење, рече денеска министерката за образование Мила Царовска.

– Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се вселува во новата владина зграда. Увид на вселувањето денеска изврши премиерот Зоран Заев кој изјави дека Владата втор мандат успешно продолжува да го надоградува концептот за едно и еднакво општество за сите.

– Граничниот премин Јажинце на границата помеѓу Северна Македонија и Косово околу новогодишните празници бележи дневна фреквенција до 2 000 лица кои влегуваат и излегуваат од нашата држава. На првиот ден од 2021 година имало 1 547 лица кои излегле или влегле во државава од тој граничен премин. Во неделата за 24 часа се бележат 1 999 кои излегле или влегле во Косово.

– Министерката за образование и наука Мила Царовска останува на ставот дека онлајн наставата ќе продолжи и во второто полугодие од учебната година. Таа смета дека ова е најбезбеден начин, а веќе сите наставници и ученици се прилагодиле на овој систем на учење.

– Принципот дека реформите доведуваат до членство во ЕУ повеќе не важи за земјите од Западен Балкан, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализа.

– Потпретседателот на Европска комисија задолжен за прашањата на миграцијата и промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас изјави дека е потребна посилна контрола на европските граници и ги повика партнерите да го одобрат бриселкиот миграциски план за да се избегне повторување на ситуацијата како на Канарските Острови.

– Иран повторно почна да збогатува ураниум до 20 проценти во подземниот нуклеарен комплекс Фордо, соопшти иранската Влада.

Американскиот интернационалец Доминез Барнет од денеска е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор со „сино-белите“ со важност до крајот на сезоната.

– Врнежи од дожд денеска повторно се очекуваат на целата територија, а посебно пообилни ќе бидат на југоистокот и истокот од земјава, каде се најавуваат над 30 литри на квадратен метар.

Back to top button
Close
Close