МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 јануари 2021

4 јануари 2021

– Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците информира дека денеска свечено ќе биде отворен објектот во којшто ќе биде сместено ова министерство.

– Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

– Петнаест години откако ЕУ и го додели на земјава статусот на кандидат за членство во Унијата, во март годинава Европскиот совет донесе одлука за старт на пристапните преговори, па и во услови на пандемијата со Ковид-19 се очекуваше тие да започнат до крајот на годинава.

– Загуби од 22 до 40 проценти во првиот квартал и пад на профитот за 40 до 60 отсто, забавени производни активности поради ограниченото работно време и движење, затворање на вообичаените канали за продажба, несигурен пласман и проблеми со откупот, се само дел последиците што ги предизвика КОВИД-пандемијата во македонското земјоделство.

– Значително помалку пожари имало изминатава година на територија на Скопје. Податоците со кои располага Територијалната противпожарна единица на Град Скопје покажуваат дека имало околу 800 пожари помалку во однос на 2019 година кога било интервенирано на 1.957 пожари.

– До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување онлајн судења, најави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

 – Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук изјави дека е мала веројатноста дека може да се случи нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје.

– Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција.

   Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.

  Денеска ќе се знае дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе биде екстрадиран во САД, кога се очекува одлуката на британската судијка Ванеса Барејцер.

– Актуелниот американски претседател Доналд Трамп вршел притисок врз изборни службеници од Џорџија „да најдат доволно гласови“ за да се избегне неговиот изборен пораз во таа држава.

 – Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата ќе разгледа повик за прогласување вонредна состојба за Токио. Одлуката се очекува бидејќи случаите со коронавирус се зголемуваат и тежат врз здравствениот систем на земјата.

– Ненси Пелоси беше реизбрана со тесно мнозинство за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, и ќе го води за време на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

– Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп ги злоупотребил овластувањата.

 Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брујн изрази задоволство од начинот на кој неговиот тим ги освои бодовите на дербито со Челзи (3:1) вчеравечер во 17. коло од Премиер лигата.

 – Сопствениците на апартмани во „Вестин Мелбурн“ се подготвуваат да ги тужат организаторите на Австралија опен во врска со нивната одлука за карантин на тенисери во овој хотел, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“.

 – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетик се одлучи за нов главен тренер. Марселино Гарсија Торал во наредниот период ќе го води клубот од Билбао. Постигнат е договор за соработка до 30 јуни 2022 година.

– Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови каде се очекуваат и ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Снег ќе има и на повисоките населени места во западните делови. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 5 до 11 степени. 

Back to top button
Close
Close