МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 декември 2020

29 декември 2020

Владата денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од шест милиони денари во Хрватска по силниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер во Петриња. Веста на Фејсбук ја соопшти премиерот Зоран Заев.

– Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња.

– Во рамките на изработката на „Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Македонија – од перспектива на децата“ на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, децата, меѓу другото, ги истражуваа и следниве теми: запознаеност со детските права и нивно почитување, насилство врз децата, дискриминација, слободно време, игра, спортски и културни активности, деца на улица, образование и животна средина.

– Перцепцијата за бизнис климата е на ниско ниво и покрај тоа што бележи подобрување. Подобрување бележи и поддршката од страна на државата, но се уште е само 26 отсто, сепак ситуацијата е подобра во споредба со другите држави од Западен Балкан и кај нас на 55 отсто е порасната перцепцијата дека деловната клима е иста или подобра во 2020 година.

 Вршителката на должноста претседател на Косово, спикерката на косовското Собрание Вјоса Османи вели дека, со делењето вакцини во средините со мнозинско српско население во северно Косово, Србија врши флагрантно кршење на меѓудржавните договори потпишани во Брисел со посредство на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој денеска во 12,20 часот ја погоди Петриња во Хрватска, се почувствува и во Италија и предизвика страв низ целата земја.

– Палестинските екстремистички групи истрелаа ракети кон Средоземното море од Појасот Газа на почетокот на нивната прва заедничка вежба, која израелските медиуми ја опишаа како приказ на сила организирана од Иран.

Македонската Еспорт Федерација и Фудбалската федерација на Македонија објави повик до сите заинтересирани да се пријават за националните претквалификации за „eEURO 2021“ квалификациите на УЕФА.

 

Back to top button
Close
Close