МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 декември 2020

29 декември 2020

– Директорот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луј Марк Душарм упати честитки до тимот на Народната банка за првото објавување на статистиката на финансиските сметки.

– Државниот јавен одбвинител Љубомир Јовески информира дека истрагата за предметот „Империја“ е во тек и дека постапката се наоѓа во фаза на вештачење.

– Оваа година водевме дисциплински постапки против пет јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната онлајн средба со новинарите.

Половина Петриња е уништена, изјави денеска градоначалникот Даринко Думбовиќ по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди градот околу 12,20 часот и притоа побара испраќање итна помош.

 Францускиот моден креатор Пјер Карден почина на 98-годишна возраст, јави дописникот на МИА.

– Палестинските екстремистички групи истрелаа ракети кон Средоземното море од Појасот Газа на почетокот на нивната прва заедничка вежба, која израелските медиуми ја опишаа како приказ на сила организирана од Иран.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да продолжи со кариерата во Премиер лигата. Според шпански „АС“ Арсенал е заинтересиран за 32-годишниот фудбалер, кој може да договори трансфер бесплатно.

Back to top button
Close
Close