МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 декември 2020

25 декември 2020

– Премиерот Зоран Заев денеска на состанок преку видео врска со претставниците на министерствата за здравство, внатрешни работи и за одбрана, како и припадниците на Црвениот Крст и Противпожарната бригада, кои изминатата година беа во првите редови во борбата и справување со кризата која произлезе од КОВИД-19, се заблагодари за придонесот во успешното менаџирање со кризата, информира владината прес-служба.

– Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска се сретна со претставниците на Здружението за лица со посебни потреби „Заедно можеме“ од Гостивар и со претставниците на Центарот за аутизам „Летај за живот“ во Тетово. Груби им подари пакети на децата со посебни потреби по повод новогодишните празници.

– Околу 40 проценти од граѓаните можат брзо да препознаат лажни вести, на 25 отсто им треба време да ги препознаат, 30 проценти сметаат дека не секогаш ги препознаваат, а пет отсто ги прифаќаат како факт сите пласирани вести на кој и да е медиум за комуникација.

– Приватната компанија Минакорд медиум во сопственост на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и косопственичката на ТВ К1, Мања Грчиќ, ја купува новинската агенција Танјуг, дознава неофицијално Њузмакс Адриа (Newsmax Adria).

– Првата пратка од 9.750 дози на вакцината за Ковид-19, се очекува утре да пристигне во Грција, а веќе во недела и официјално да започне вакцинацијата во земјата, односно т.н. „операција Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Албанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше ЕУ за дистрибуција на вакцини против коронавирусот, велејќи дека Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат резерви на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволно за своите граѓани.

– Жртвите направени за да ги заштитат луѓето за време на пандемијата на коронавирусот не треба да станат залудни за време на празниците, изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус во божиќната порака.

– Поранешниот белоруски репрезентативец Максим Цигалко, кој стекна светска слава во „виртуелниот“ фудбал, почина на 38-годишна возраст, јавија денеска локалните медиуми.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close